Ракометарот кој минатата година ги крена прв пехарите во СЕХА и во Лигата на шампионите, Игор Карачиќ деновиве е повторно во Скопје. Веќе денеска информиравме дека е тука поради свршувачката со својата девојка, а секое негово враќање во Скопје предизвикува големо медиумско влијание.
Карачиќ беше причина за да добие песна од страна на навивачката група Комити.
“Каде и да одиш Скопје ќе те памети,
Ќе ти пеат ќе те слават твоите Комити,
ОоОоО Игор Кара, ти си наша икона!”