Тимот на Јувента Михаловце, каде што игра македонската репрезентативка Александра Коловска, забележа нова победа во регионалната МОЛ лига.
На домашен терен составот на Јувента Михаловце славеше против чешкиот Злин со 31-24, откако и на полувреме водеше со 15-12.
Коловска на овој натпревар беше стрелец на еден погодок, а стандардно ја одработи задачата во одбрана.
Михаловце со овој триумф има 10 бодови на петтото место, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај чешкиот Сокол Пишек.