Женската младинска репрезентација на Унгарија третпат во низа го освои трофејот на Европското првенство во оваа категорија. По триумфот над Данска во финалето, две ракометарки на Унгарија влегоа во идеалниот тим. Сигурно ракометната јавност допрва ќе слуша за централниот бек Петра Симон и голманката Клара Зај.
Симон постигна 43 погодоци на седум меча и подели голем број на асистенции, па беше избрана за МВП на првенството. Данската репрезентативка Џули Скалионе беше избрана за најдобар лев бек во романија.
Левото крило од Данска, Матилде Вестергард, исто така доби место во идеалниот тим. Таа постигна 38 гола на континенталниот собир.
Најголемото изненадување на ЕП, селекцијата на Португалија, имаше еден претставник во идеалниот тим, а тоа е десниот бек Лусијана Ребело. Таа постигна дури девет гола за 17 минути на полуфиналниот меч со Данска.
Домаќинот Романија во идеалниот тим го имаше десното крило Михаела Михаи, кој веќе дебитираше и во Лигата на шампионите за нејзиниот тим ЧСМ Букурешт. Таа го заврши турнирот со 36 погодоци.
Најдобар пикер на ЕП е Црногорката Андреа Брајовиќ, додека Французинката Фату Карамоко беше избрана за најдобар дефанзивец.
ЕП Романија, идеален тим:
голман: Клара Зај (Унгарија)
десно крило: Михаела Михаи (Романија)
десен бек: Лусијана Ребело (Португалија)
среден бек: Петра Симон (Унгарија)
лев бек: Џули Скалионе (Данска)
лево крило: Матилде Вестергард (Данска)
пивот: Андреа Брајовиќ (Црна Гора)
дефанзивец: Фату Карамоко (Франција)
МВП: Петра Симон (Унгарија)
најдобар стрелец: Џули Скалионе (Данска) – 68 гола
Покрај ЕП во Романија, во исто време се играа и ЕХФ шампионатите во Косово и Литванија. Во Приштина во финалето Италија беше подобра од Австрија, додека во Клаипеда, селекцијата на Шпанија ги победи Фарски Острови.
ЕХФ шампионат, Косово, идеален тим:
голман: Мадалена Кабрини (Италија)
лево крило: Ема Лучачова (Словачка)
лев бек: Наташа Фолеј (Финска)
среден бек: Дорота Баченкова (Словачка)
пивот: Лина Ковач (Австрија)
десен бек: Никол Лесниак (Полска)
десно крило: Лиса Пуркартофер (Австрија)
дефанзивец: Аурора Гислимберти (Италија)
МВП: Сантина Сабатниг (Австрија)
најдобар стрелец: Изабел Ларсон (Финска) – 48 гола
ЕХФ шампионат, Литванија, идеален тим:
голман: Маријам Мера Амоедо (Шпанија)
лево крило: Тинкара Коговшек (Словенија)
лев бек: Габија Пиликаускауте (Литванија)
среден бек: Бјанка Бенитез (Шпанија)
пивот: Линди Чапчет (Шпанија)
десен бек: Бјорк Франсдотир (Фарски Острови)
десно крило: Крин Еголм (Фарски Острови)
дефанзивец: Кармен Пимиента (Шпанија)
МВП: Габија Пиликаускаите (Литванија)
најдобар стрелец: Габија Пиликаускаите (Литванија) – 44 гола