Кои ракометарки ја освојувале наградата МВП на ЕП?

Европското првенство 2022, кое ќе стартува на 4 ноември, ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. Еден од ривалите на Македонија, репрезентацијата на Франција, во Скопје ќе пристигне со искусната Естел Нзе Минко, која на Европското првенство 2020 беше прогласена за најкорисен играч, односно за МВП.

Иако Европското првенство за првпат се одржа во 1994, сепак, од шампионатот во Данска (1996) се избира најкорисна ракометарка. Првата награда за МВП на Европското првенство во Данска ја освои легендарната Ања Андерсен.

Во најголем дел, МВП наградата на Европското првенство завршувала во рацете на играчи од скандинавските земји.

Екс репрезентативката на Норвешка, Гро Хамерсенг Един е единствената ракометарка која двапати ја освои наградата за МВП. Партнерката на Гро, Ања Хамерсенг Един на Европското првенство во Србија (2012) го доби МВП признанието

Најкорисна ракометарка (МВП) низ историјата на ЕП

  1. Ања Андерсен (Данска) 1996
  2. Трине Халтвик (Норвешка) 1998
  3. Беата Сити (Унгарија) 2000
  4. Карин Мортенсон (Данска ) 2002
  5. Гро Хамерсенг (Норвешка) 2004
  6. Гро Хамерсенг (Норвешка) 2006
  7. Кристине Лунде (Норвешка) 2008
  8. Линеа Торстенсон (Шведска) 2010
  9. Ања Хамерсенг Един (Норвешка) 2012
  10. Изабел Гулден (Шведска) 2014
  11. Нике Грот (Холандија) 2016
  12. Ана Вјахирева (Русија) 2018
  13. Естел Нзе Минко (Франција) 2020

На вечната листа на стрелци на ЕП се наоѓа и екс членка на Металург