Кисељов и Шишкарев се „скараа“ кој да шутира клучен пенал – ЦСКА го освои Чехов! (ВИДЕО)

ЦСКА Москва неочекувано славеше на гости кај Чеховски Медведи во натпревар од последното коло на руското првенство со 31-30. Стрелец на голот вреден победа за тимот од престолнината беше екс вардарецот Данил Шишкарев, кој реализираше пенал по истекот на времето. Дотогаш сите удари од седум метри ги шутираше уште еден екс вардарец, Дмитри Кисељов, и тој ја зема топката за последниот, но Шишкарев со насмевка му пријде и побара тој да го шутира. Кисељов најпрво не сакаше да му ја отстапи топката на Шишкарев, но по краток разговор се согласи и десното крило погоди за голема радост. Победата не влијае на табелата, патниците во плеј-офот се познати, но ќе биде од големо значење за самодовербата пред следните нивни дуели за титула. Десниот бек даде осум гола, а десното крило стрелаше три пати. Погледнете го последниот пенал...