Неполна година Кирил Лазаров е селектор-капитен на најдобрите ракометари. Неговиот брат Филип открива дека Кире се консултирал со негов при изборот на стручниот штаб, но засега, нема амбиции да биде дел од него.
Со оглед на тоа дека беше во Скопје во неделата на ЕХФ проследи и еден-два тренинзи на репрезентацијата.
„Со Киро многу разговаравме на таа тема, не за јас да бидам во тренерскиот тим, туку кој да биде во стручниот штаб. Пред да донесе одлука, се консултираше по тоа прашање. Познавајќи го Киро не само со мене, сигурно со уште десетина други луѓе затоа што тој е таков – сака да слушне и друго мислење пред да донесе конечна одлука. Кога разговаравме ми наброја десет луѓе и јас му кажав што и како мислам. Најмногу го интересираше за Јоновски затоа што бевме заедно во Ратинген, за Жути (Миркуловски) исто така бидејќи ми е цимер и другар 15 години. Мислам дека има одличен стручен штаб. Жути се уште тренер – играч. Бранче веќе со Мастер Коуч диплома, Ацо си работи како тренер веќе некое време и најважното е дека сите се вредни. За Киро не правам муабет – го знаеме 24/7 за ракомет. Тој ќе проба сè, ако останало нешто што не успеал да го направи како играч, да го направи како селектор. Треба малку и време, но главното е во играчите, мора да дадат малку повеќе. Едни се млади, другите постари, едните вака, другите така. Не се знае од кој се чека да повлече. Мора да се најде некој да повлече, другите да следат. Ќе биде тешко во почетокот, но само со работа може да се стигне до успех. Познавајќи го Киро, поддршката која ја има и од стручниот штаб и од Федерацијата, не можам да проценам дали успехот ќе дојде порано или подоцна, но тој е гаранција за успех! Верувам дека ќе даде сè од себе за да го пренесе тука. Одново, сè ќе зависи од играчите. Тие треба да се самите свесни дека ако сакаат да го задржи репрезентацијата тоа ниво кое го имала изминативе десет години треба да дадат малку малку повеќе.“
Подолу погледнете го разговорот со Лазаров…