Кил ја прослави титулата во Бундес лигата – ама онлајн

Откако беше означен крај на Бундес лигата и нов шампион стана Кил, ракометарите на поинаков начин ја прославија титулата во согласност со мерките за заштита од коронавирусот.

До сега никогаш ниту еден клуб од Бундес лигата не ја прославил титулата како тоа што го направи Кил. Играчите и тренерот Филип Јиха одржаа 30 минутна видео конференција каде што си честитаа меѓусебно и на своите навивачи за освоената титула.

„Шампионатот во 2020 година е единствен, и се надевам дека ќе остане уникатен, бидејќи ова нема да се случи повторно. Заврши по 26 одиграни кола и целиот свет запре“, рече Јиха.

Уште неколку играчи ги споделија своите впечатоци од изминатава сезона и нејзиниот крај.

„Секако, ние би сакале да станеме шампиони по 34 кола, но сепак сме горди на она што успеавме да го постигнеме во последните три сезони“, додаде Хендрик Пекелер.

„Ова е моја прва титула во германско првенство, секако е посебно. Јас би сакал да ја одигравме сезоната до крај, но сепак тимот може да биде горд на постигнатото. Ние заслужено станавме шампион на Германија“, рече голманот Дарио Квенштед.