Полскиот шампион Келце во следната сезона нема да смета на услугите на турскиот интернационалец Дорук Пеливан, кој ќе биде пратен на позајмица.
Левиот бек е интересен за многу европски тимови, тој има понуди од Романија и Франција, но најсериозни во намерата да го ангажираат како позајмен играч се бундеслигашите Гепинген и Минден. Во Минден би можел да биде замена за Михалчик кој замина во Фуксе Берлин.
Левиот бек во Келце пристигна како голем талент кој имаше одлични изданија во екипата на Фиверс во Австрија. Во првата сезона во полскиот шампион одигра солидно во домашното првенство, но во Лигата на шампионите не доби преголема шанса.
Праќањето на 21-годишниот ракометар на позајмица е резултат на новите правила кои ги донесе федерацијата на Полска двајца домашни играчи да има постојано на теренот и враќањето од Горник Забже на позајмениот Симон Сичко кој настапува на иста позиција.