Келн обоен во „жолто-сино“ – Келце ќе има голема поддршка (ВИДЕО)

Вечерва од 18:00 часот во „Ланксес Арена“ за титулата во Лигата на шампионите ќе се борат полскиот Келце и германскиот Магдебург. Навивачите на Келце веќе го окупираа Келн и целиот град, а најмногу околу салата е обоен во боите на полскиот тим - жолта и сина. Избраниците на Талант Душебаев би требало да имаат повеќе од 3.000 навивачи што ќе им дадат ветар во грб. Келце прв и единствен пат освои титула во елитното натпреварување во 2016 година, додека Магдебург исто така има една титула во ЛШ, но тогаш не се играше по овој систем.