Кањелас нема да игра против Еурофарм Пелистер, но ќе диригира од клупата

Екипата на Кадетен Шафхаузен која е противник на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа остана без услугите на искусниот Жоан Кањелас и нема да може да смета на него во следниот период.

Поранешниот ракометар на Вардар во натпревар од првенството на Швајцарија заработи повреда која ќе го оддалечи неколку недели од ракометните терени.

Станува збор за повреда на десната рака, односно скршеница на прстот, а лекарскиот тим на Кадетен Шафхаузен утврдил дека ракометарот од Шпанија треба да паузира одреден временски период.

Ова значи дека нема да може да му помогне на својот тим со својата игра, па раководството на клубот одлучи да го смести Кањелас во стручниот штаб како помошен тренер.

Во Лига на Европа, Кадетен Шафхаузен во 2. коло на свој терен ќе го пречека македонскиот претставник Еурофарм Пелистер. Натпреварот е закажан за 26 октомври со почеток од 18:45 часот.