Хрватскиот вицепрвак Нексе на гостувањето во Германија кај Гепинген беше убедливо поразен со 32:23 во натпревар од четвртфиналето од Лига на Европа.
Избраниците на Бранко Тамше на реванш дуелот следната недела ќе се обидат да се претстават во подобро светло пред домашната публика и евентуална со победа да се простат од годинешниот настап во второто по квалитет европско натпреварување.
Монпелје одигра само реми во Португалија кај Спортинг Лисабон, 32:32. Францускиот тим се очекува на реванш дуелот со поддршка од своите навивачи да оствари минимален триумф.
На останатите два четвртфинални натпревари, тимот на Кадетен Шафхаузен го изненади Фуксе Берлин со четири гола разлика, 37:33, додека Фленсбург потешко од очекуваното славеше над Грањолерс со 31:30.
Фуксе Берлин шокиран од Кадетен, Фленсбург едвај до победа против Грањолерс