„Тогаш не беа само парите, туку и односот што го имавме во Кометал, бевме како фамилија, бевме сплотени и тоа не ми дозволи да отидам некаде“, потенцира Кастратовиќ.
Целата кариера на Индира Кастратовиќ е сумирана во четири клуба, со акцент, секако, на Кометал Ѓорче Петров во кој мина 12 години. Таа имала шанса да замине во друг клуб, но никогаш не го сторила тоа, затоа што сè што и било потребно го имала тука.
„Во 1998 година имав понуди кои подоцна ги разбрав, бидејќи во тоа време и се криеја многу работи (се смее). Имав понуда од Виборг и тоа многу убава, но никогаш не се гледав на друго место. Тогаш не беа само парите, туку и односот што го имавме во Кометал, бевме како фамилија, бевме сплотени и тоа не ми дозволи да отидам некаде. Тој мир, спокој и таа убавина што ја имавме тука ми беше поважно, и секако игравме ЛШ и правевме успеси. Ако го немаше тоа секако како спортист ќе барав друга средина.. Но тука имавме сè, Македонија, убаво живеевме, во клубот ни беше убаво… И по СП имав понуди, но одлучив да останам тука… По Кометал еден кус период, три месеци, бев во Шпанија, во Гран Канарија, но не можев да издржам. Имаше административен проблем со документите на Зоки и на Сара, која тогаш имаше 4 години, и психички не можев да издржам без нив, не можев да живеам и само им се заблагодарив и се вратив дома.“
Комплетното интервју на Индира Кастратовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.