Селекторот Гијом Жил го објави конечниот список на патници за Олимписките Игри во Токио што ќе се одржат од 24 јули до 8 август.
Жил во Токио ќе поведе 15 ракометари, а немаше место на пример за крилото Дилан Наи кој иаше одлична сезона во ПСЖ, за Елохим Пранди, за младиот Јанис Лене…
Но затоа тука се ветераните Мишел Гигу, Лук Абало, Никола Карабатиќ, Јан Женти…Карабатиќ е подготвен за игра и ќе биде предводник на „триколорите“ во Токио.
Резерви се Ромен Лагард и Реми Десбоне. Франнција ќе игра во групата A со Норвешка, Германија, Бразил, Шпанија и Аргентина.