Тимот на Еурофарм Пелистер славеше во интересен натпревар против Кадетен Шафхаузен со 27-26 во 8 коло од Лигата на Европа.
Најдобар стрелец во битолскиот тим беше капитенот Јосип Периќ, кој натпреварот го заврши со шест погодоци.
Последниот негов погодок беше решавачки за битолчани да ја осигураат победата и да останат во трка за првото место во групата.
Периќ на сличен начин погоди и во финишот во Швајцарија, кога Еурофарм успеа да се врати со бод.
Голот за триумф на босанскиот среден бек и големо славје на трибините, погледнете го во продолжение…
Just listen to that crowd! 🔊
Josip Peric sinks the last shot and Pelister move two points clear of Kadetten! 🟢⚪️ #ehfel pic.twitter.com/LL8COh4IoK
— EHF European League (@ehfel_official) February 22, 2022