Новиот голман на Вардар, Французинот Робин Кантегрел е веќе во Скопје и тој е веќе вториот ракометар од засилувањата на „црвено-црните“ кој се пријави во главниот град на Македонија.
Кантегрел почна да ја запознава скопската шема, а првото кафе го испи во добро познато друштво. Заедно со него е неговиот менаџер Филип Босер, но и поранешниот ракометар на Вардар, Иван Марковски. Ракометната легенда од Македонија можеше да го запознае идниот голман на вардарци со она што го очекува.
Робин Кантегрел ќе се обиде да дојде до место и минутажа во конкуренција на Борко Ристовски и Марко Кизиќ, а конкуренцијата е максимално силна. Ова ќе биде интересна сезона во која сигурно ќе има што да се види така што ќе биде максимално возбудливо.
Колку сериозно се сфаќа задачата покажува и фактот што неколку дена порано сите ракометари доаѓаат во Скопје, па останува после малата адаптација да се почне со одработување на задачите.