Францускиот голман Робин Кантегрел рано утринава полета кон Скопје, градот што ќе биде негов дом во следните две сезони.
Кантегрел, кој има одлични препораки потпиша договор на две сезони со актуелниот европски шампион и ќе биде дел од триото чувари на мрежата на Вардар заедно со Ристовски и Кизиќ.
Тој би требало да пристигне после пладне во македонската метропола и ќе има доволно време за адаптација пред стартот на подготовките за време на викендот.