Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ја забележа третата победа на Мундијалот во Хрватска, прва во главната фаза и по ден одмор ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.
Избраниците на Раде Стојановиќ на последниот дуел од главната фаза триумфираа против Австрија со 29:22.
Одлична партија во дресот на Македонија имаше организаторот на играта Мирче Калајџиески, кој во мрежата на ривалот постигна шест погодоци.
Калајџиески зад своето има запиша и неколку асистенции кон своите соиграчи и на крајот од мечот го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП.
Македонија покажа сила против Австрија, го потврди местото во ТОП 12 на СП
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!