Еден од најталентираните ракометари на светот, 19-годишниот Николоз Каланадзе, кој е син на екс вардарецот Тите Каланадзе, го потпиша првиот професионален договор во својата кариера.
Младиот ракометар, кој на само 16 години пристигна во Франција и паралелно настапуваше за првиот и вториот тим на Шамбери, доби високи оценки од стручниот штаб на францускиот клуб, но и професионален договор.
Неговиот професионален договор со Шамбери е до 2025 година, па така ќе има неколку сезони на располагање да ги покаже своите квалитети во елитната лига на Франција.
Неговиот татко Тите Каланадзе, пак, по заминувањето од Вардар, играше за италијанскиот Трст, две сезони во турскиот тим АСКИ Анкара, како и во исландскиот Стјарнан, пред да ја заврши кариерата во татковината, играјќи три сезони за Тбилиси до 2011 година. Моментално е селектор на машката сениорска репрезентација на Грузија.
Син на екс вардарец даде 76 гола на шест меча и стана МВП и најдобар стрелец на ЕХФ шампионатот!