Денеска беше избрано најдоброто идејно решение за градба на новиот спортски комплекс во еден од најракометните градови во Македонија, Битола.
Во планот за изградба на спортскиот комплекс, Општина Битола приоритет и дава на новата спортска сала, која треба да собира најмалку 5.000 гледачи, и која треба да ги исполнува сите услови за меѓународни натпревари.
На изложбата во Офицерскиот Дом во Битола беа промовирани пет идејни решенија, од кои беше избрано едно според кое ќе се гради спортскиот комплекс.
Во моментов ракометарите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 играат во салата „Боро Чурлевски“.