Медитеранските игри во Атина финишираа вчера откако беа одиграни натпреварите за пласман, а на нив имаше интересни дуели, а златото замина за Шпанија. Кадетската селекција на оваа земја го повтори успехот на сениорите така што „фуријата“ продолжува со освојувањето на трофеи.
Шпанците имаа одличен турнир, а во финалето го надиграа составот на Црна Гора победувајќи со 32:29.
Во мечот за 3. место, Хрватите минимално дојдоа до победа над Србија од 23:22 со што докажаа дека имаат перспективна генерација со оглед на тоа што на Медитеранските игри беа со помали ракометари од другите.
Македонија го заврши турнирот со победа на Кувајт од 22:13 и на крајот завршија на 10. позиција.
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
ФИНАЛЕ
ШПАНИЈА – ЦРНА ГОРА 32:29 (11:10, 8:7, 13:12)
3.МЕСТО
ХРВАТСКА – СРБИЈА 23:22 (8:5, 8:9, 7:8)
5.МЕСТО
БАХРЕИН – ЕГИПЕТ 25:24 (6:5, 6:6. 6:7, 7:6)
7.МЕСТО
ТУНИС – РОМАНИЈА 20:19 (10:8, 6:6, 4:5)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
1.ШПАНИЈА
2.ЦРНА ГОРА
3.ХРВАТСКА
4.СРБИЈА
5.БАХРЕИН
6.ЕГИПЕТ
7.ТУНИС
8.РОМАНИЈА
9.ГРЦИЈА
10.МАКЕДОНИЈА
11.МАРОКО
12.ТУРЦИЈА
13.САУДИСКА АРАБИЈА
14.КУВАЈТ