Францускиот голман Робен Кантегрел се чини дека брзо ќе ги освои симпатиите на навивачите на Вардар и на македонската јавност.
Тој во неколку наврати уште додека беше во Франција покажа дека го учи македонскиот јазик, но и во Скопје не мирува.
Покрај тренинзите и адаптацијата на новото место на живеење, Кантегрел наоѓа време да научи уште по нешто ново.
Французинот ќе биде дел од голманската четворка на Вардар со Борко Ристовски, Марко Кизиќ и Васил Гогов.