Репрезентацијата на Србија ја оствари првата победа на Европското младинско првенство во Португалија, откако во 2. коло го совлада бранителот на титулата, Германија, со три гола разлика, 33:30 (16:17). Во претходното коло, српската репрезентација ремизираше против Исланд, кој денес загуби од Италија.
Ракометарот кој може да одигра на сите бековски позиции, Милош Кос, беше предводник во репрезентацијата на Србија, односно најефикасен на натпреварот со 11 погодоци од 16 обиди.
19 годишниот ракометар беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Кос постигна неколку проектили во мрежата на Германија, а медиа тимот на ЕХФ го одбра најдобриот.
BOOM 💥 Who said young players are missing stength? 🤯🚀 @rssrbije 🇷🇸 are winning vs @DHB_Teams 🇩🇪 What a match! 🍿
🔴LIVE on EHFTV 📺
🌍 Geoblocking restrictions may apply. pic.twitter.com/nNw0rwfNHx— Home of Handball (@HomeofHandball) July 8, 2022