По поразот од селекцијата на Исланд во полуфиналето, машката кадетска репрезентација на Македонија загуби и во битката за третото место на силниот „Шпаркасен Куп“ во германскиот град Мерциг.
Избраниците на Раде Стојановиќ загубија од африканскиот претставник на овој турнир, Египет со 25-21.
Пет натпревари во само три дена е премногу, но кадетите се враќаат со искуство плус како дела од подготовките за настапот на Мундијалот во Хрватска.
Треба да се нагласи дека на овој турнир настапивме без најдобриот стрелец Петковски, како и без уште неколку ракометари, кои се важна алка во ростерот.
Во групната фаза Македонија ги победи Австрија и Холандија, а загуби тесно од силната Германија.