Полскиот вицешампион Висла Плоцк за следната сезона го ангажираше голманот на Кадетен Шафхаузен, Кристијан Пилиповиќ. Веста за неговото доаѓање во екипата на Хавиер Сабате беше официјално соопштена на клупската страна на Висла Плоцк.
Пилиповиќ во Висла Плоцк ќе биде замена за првиот голман на екипата, Адам Моравски, кој на крајот од сезоната ќе замине во Бундес лигата и ќе го брани голот на Мелсунген.
Раководството на полскиот клуб и Пилиповиќ се договорија на двегодишна соработка. Висла Плоцк моментално има тројца голмани, а освен Моравски, меѓу стативите своја минутажа добиваат и Адмир Ахметашевиќ и Кристијан Витковски.
Во својата кариера, Пилиповиќ беше дел и од екипите на Фиверс и Нексе. Голманот кој е по потекло од Ѓаково беше член на репрезентацијата на Австрија, забележа вкупно 32 настапи, а од оваа година доби шанса својот квалитет да го покаже во хрватската репрезентација.