По Норвешка, Данска, Шведска, Словенија, Полска и уште неколку други држави, следната на листата која ги заврши првенствата поради коронавирусот е Унгарија.
Тамошната ракометна федерација реши да ја поништи сезоната, да нема шампиони ниту во машка, ниту во женска конкуренција.
Пласманот во европските купови ќе биде одреден врз основа на ранкингот од минатата сезона.
Претставници во Лигата на шампионите на Унгарија догодина ќе бидат Веспрем и ПИК Сегед како втор тим кој веројатно ќе добие вајлд карта.