Поранешниот квотербек, кој настапуваше во НФЛ лигата, Џеј Катлер и понатаму го привлекува вниманието со својата изјава дека планира да стане дел од репрезентацијата на САД и да се квалификува за Олимписките игри.
„Слушнав дека тој ракометот е спорт на Олимписките игри и мислам дека би бил добар во него. Се игра со мала топка со која наоколу се додаваш и потоа ја фрлаш во гол. Тоа е како фудбал во сала, но се игра со раце“, коментираше Катлер.
На ова имаше и провокативни прашања од водителот на ESPN, а во расправата после емисијата прво се вклучи Никола Карабатиќ. Тој му порача на Катлер дека ќе му го даде својот златен медал доколку овој успее да го победи.
Карабатиќ доби поддршка и од еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата. Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ имаше свој коментар на неговиот профил на Твитер.
„Немате поим колку ракометот е тежок спорт“, напиша Дончиќ.
no chance! people dont know how hard is to play handball🤷🏼♂️ https://t.co/SzJglTFpit
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 5, 2020
Потценувањето на ракометот како игра од страна на Американците и не е воопшто чудно бидејќи во оваа земја нема професионална лига, а репрезентацијата е далеку од нивото за настап на големите натпреварувања. Затоа и не зачудуваат коментарите кои ги имаше водителот при интервјуто на Катлер.
„Дали некогаш сте слушнале осумгодишник да каже дека сака да се занимава со ракомет? Ја сум сигурен дека тој спорт некаде на Земјата е популарен. Но, кој се занимава со ракомет? Оние кои не успеале во фудбалот и во кошарката“, коментираше водителот.
Оваа расправа сигурно нема да заврши вака и ќе има уште некој коментар бидејќи дефинитивно ракометот е спорт кој полека си го зазема своето место на спортската карта и добива на сè поголема популарност.