Рагби играч го навреди ракометот и ракометарите, Карабатиќ го предизвика на дуел!

Рагби играчот на Мајами Долфинс, Џеј Катлер имаше провокативна изјава во која можеби и ги навреди ракометарите. Според неговите зборови ракометарите се спортисти кои не успеале во најпопуларните спортови фудбал и кошарка па се одлучиле за ракомет.

„Сакам да направам тим за Олимписките игри во игра која мислам дека се вика ракомет. Ни требаат само неколку големи играчи и еден голман. Ако го гледате ракометот, голманот е секогаш повозрасен тип. Негова работа е само да погоди каде ќе шутираат противниците“, изјави Катлер.

Оваа негова изјава стигна до Никола Карабатиќ беше прилично навреден од овие зборови и го предизвика Катлер на директен ракометен дуел и му го понуди својот златен олимписки медал.

И покрај тоа што САД најави формирање на професионална лига во ракомет оваа изјава потрврдува дека сè уште ракометот е далеку од популарен спорт во земјата. Оваа изјава на Катлер предизвика многу реакции во Европа.