Многу европски ракометни колективи решија да ги намалат платите на ракометарите за месеците во кои нема тренинзи и натпревари поради ширењето на коронавирусот.
Унгарскиот гигант Веспрем ќе ги намали платите на сите ракометари, членови на стручниот штаб и менаџерите за 25%.
Но и покрај тоа што е време не криза, од тимот на Веспрем мислат на навивачите кои имаат сезонски билети, а ќе останат скратени за задоволството да ги следат натпреварите во финишот од сезоната во Лигата на шампионите и домашниот шампионат.
„Ќе се потрудиме да направиме се што е во наша моќ, бидејќи ситуацијата не е фер. Знам дека има многу луѓе што ги трошат последните пари за да купат билети за нашите натпревари“, изјавија од раководството на Веспрем.
Унгарскиот шампионат е завршен, нема шампион, па за Веспрем остануваат натпреварите од Лигата на шампионите.