ИХФ ги избра најдобрите – доминација на Данска!

Oткако поминаа три недели гласање, ИХФ ги избра најдобрите, а таму очигледна е доминацијата на Данците кои ги собраа сите награди.

Наградите за тренери на годината завршија во рацете на селекторите на машката и женската репрезентација на Данска, Николај Јакобсен ја доби наградата најдобар тренер на машка екипа, а неговиот колега Јаспер Јесен за тренер на годината на женска екипа.

За најдобар голман беше прогласен Николас Ландин кој стана првиот играч во машка конкуренција кој ја освоил наградата две години во низа. Кога е и женската конкуренција во прашање тоа и успеа само уште на Ања Андерсен во 1997 година кога стигна до наградата најдобар светски играч. До наградата голманка на годината стигна неговата сонародничка Сандра Тофт.

НАГРАДИ ВО ИЗБОРОТ НА ИХФ:

Николас Ландин (Данска / Кил) – голман на годината
Сандра Тофт (Данска / Брест Бретања) – голманка на годината
Никола Јакобсен (Данска) – тренер на годината на машка екипа
Јаспер Јенсен (Данска / Есбјерг) – тренер годината на женска екипа