„Тој е многу амбициозен, вистински професионалец во секој поглед и се тоа го прави голем тренер. Многу од играчите станаа подобри, подобри и како тим. Но, Тор не можеше да го следи“, вели Арни Рунар Јоханесон, претседателот на клубот за весникот Висир.
Од пред една недела македонскиот тренер Стевче Алушовски замиина од исландскиот клуб Тор Акурејри, откако спогодбено беше решено за прекин на соработката. По две сезони македонската легенда ќе има нов предизвик во тренерската кариера, иако требаше да остане во Исланд уште долго.
За многумина ваквата одлука е изненадување со оглед на пофалните зборови што Исланѓаните постојани ги упатуваа кон нашиот тренер. Минатата сезона Тор за малку не успеа да влезе во елитната лига на Исланд, откако загуби во плеј-офот од Фјолнир.
Клубот планираше да ја оствари целта оваа сезона, но не ги донесе планираните засилувања и амбициите се намалија. Претеседателот на клубот Арни Рунар Јоханесон, во изјава за „Висир“, вели дека овој клуб е мал за македонскиот стратег.
„Разделбата беше неизбежна. Се обидовме, но не успеа. Кога почнавме да соработуваме сфативме дека неговите филозофија и можности како тренер се многу чекори пред нас. Ние сме премал клуб за него. Имавме долги состаноци и мислевме дека ако тој се врати чекор или два назад, а ние одимее чекор напред, ќе се најдеме. Но не успеавме. Тој има многу амбиции, огромен професионалец во се што прави и исклучително способен тренер. Многу од играчите станаа многу, многу подобри под негово водство и тој направи многу добри работи за нашиот клуб“, вели Јоханесен.
Тор Акурејри одигра сезонава осум меча во Втората лига на Исланд, победи на три од нив, на еден ремизираше, а загуби четири пати, а која ќе биде следната дестинација на Алушовски останува да видиме наскоро.