Исланд му верува на Гудмудсон, потпиша до ОИ 2024

Ракометниот сојз на Исланд го продолжи договорот со селекторот Гудмудур Гудмудсон до Олимписките игри во 2024 година.

Гудмудсон исландскиот национален тим го водеше од 2001 до 2004 година, од 2008 до 2012 за во 2018 по трет пат да се врати на селекторската позиција. Под негово водство Исланд освои сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг и бронзен медал на Европското првенство во Австралија.

На последното Европско првенство кое се одржа во јануари Исланѓаните ја освоија 6-тата позиција. Во стручниот штаб на Гудмудсон ќе му помагаат Гунар Магнусон и Агуст Јохансон.

Ќе потсетиме в недела ќе биде одреден противникот на репрезентацијата на Исланд во последниот квалификациски циклус за СП 2023. Исланѓаните го чекаат подобриот од натпреварот Австрија – Естонија.