Екипата на Нексе ја оствари првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА лига, откако на домашен терен го совлада Еурофарм Пелистер, со резултат 29:25 (15:12).
Тренерот на Нексе, Бранко Тамше ги сподели своите впечатоци по освоената победа против македонскиот вицепрвак.
,,Можам да кажам дека натпреварот беше доста добар. Направивме одредени грешки и имаше многу осцилации во текот на дуелот, како кај нас, така и во таборот на гостите. Сега ни претстои тежок натпревар во Лига на Европа против екипата на Скјерн и на располагање за тој дуел ќе ни бидат потребни сите играчи за да ги победиме повторно”, изјави Тамше.
Најефикасниот во редовите на Нексе, десниот бек Иван Сршен истакна дека победата против Еурофарм Пелистер е голем поттик за кревање на самодовербата на неговиот тим.
,,Знаевме дека Еурофарм Пелистер има многу добар тим и одлично го отворивме натпреварот во одбраната. Подоцна, не успеавме да искористиме некои добри прилики за гол што им овозможивме на гостите да се вратат во игра. Имавме и некои навистина лоши периоди, сепак, важно е да победува на вакви натпревари бидејќи тие ни даваат поттик и ни помагаат да стекнеме самодоверба”, изјави Сршен.
Следен предизвик за Нексе ќе биде дуелот против Скјерн во рамки од Лига на Европа.