Со гласањето на социјалните мрежи, медиа тимот на унгарскиот Веспрем го избра идеалниот тим на сите времиња.
За 43 години постоење низ Телеком Веспрем (кој порано се викаше МКБ Веспрем, Фотекс Веспрем, Брамак Веспрем и ВАЕВ Епиток) продефилираа многу играчи, дел од нив оставија одличен впечаток, а меѓу нив беше и нашиот Кире Лазаров.
Тој одигра пет сезони во Веспрем и стана најдобар стрелец во Лигата на шампионите, а се наоѓа на седмото место на вечната листа на стрелците во унгарскиот клуб со 820 погодоци.
Сепак навивачите го одбра Ласло Наѓ за најдобар десен бек на сите времиња во Веспрем, иако тој постигна само 309 голови за седум сезони колку што помина во овој клуб.
Покрај него во дрим тимот се најде и некогашниот голман на Вардар, Арпад Штербик, левото крило Герго Иванчик, левиот бек Карлос Перез, средниот бек Јозеф Елеш, десното крило Мирза Џомба, како и пивотменот Андреас Нилсон.