Тимот на Еурофарм Пелистер ремизираше со швајцарскиот првак Кадетен Шафхуазен, 25-25, иако во еден момент имаше и плус седум.
Голманот Благојче Трајкоски можеби немаше перфектна вечер како на средбата во Данска против ГОГ, но забележа една од најдобрите одбрани на колото.
Тој собра четири интервенции, а една од нив медиа тимот на Лигата на Европа ја смести во ТОП 5. Спречениот зицер од контранапад на Фримел, беше доволен за третото место.
Погледнете ги најдобрите одбрани од 3. коло во Лигата на Европа на следниот ЛИНК