По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата странец се номинирани:
ЖЕРЕМИ ТОТО (Вардар) – Французинот беше еден од најкорисните играчи на теренот во дресот на Вардар и играч кој правеше разлика против секого кога беше во составот.
МАРТОН СЕКЕЉ (Еурофарм Пелистер) – Дојде тивко во тимот од Битола, но успеа да се покажа како одлично засилување и како играч кој може многу да помогне.
АНТЕ ГАЏА (Вардар) – Овие неколку месеци одигра далеку најдобро откако е во Вардар. Покажа дека може многу повеќе и донесе новитети во нападот на вардарци.
ЈОСИП ПЕРИЌ (Еурофарм Пелистер) – Играчот кој остави голем белег во минатото првенство и во ова имаше свои одлични партии. И во Супер лигата и во Лигата на Европа беше лидер.
ЗЛАТКО ХОРВАТ (Металург) – Си замина на крајот од есенскиот дел од сезоната, а до крајот беше еден од најборбените играчи на металурзите во овој шампионат во кој клубот имаше голема криза.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.