По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата млад ракометар се номинирани:
СТЕФАН ДОДИЌ (Охрид) – Младиот ракометар од Србија кој на крајот од сезоната се сели во Келце се покажа како квалитетно засилување за Охрид и одлично си ја одработи својата задача.
ЕМИЛИЈАН ЃОРГОВСКИ (Еурофарм Пелистер 2) – Покажа дека е голем потенцијал со игрите коишто ги прикажа во текот на оваа полусезона. Дефинитивно ќе има што да покаже и во иднина.
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ (Металург) – Во составот на Металург сезонава си го најде своето место и имаше голема минутажа која ја користеше максимално. Се покажа како играч на кој може да се смета сериозно.
МАРКО МИТЕВ (Бутел Скопје) – Прераснува во лидер на составот на Бутел и тоа го покажа многупати. Главно беше на позицијата среден бек, но имаше натпревари каде помагаше и како крило.
ЛЕОНИД КИСЕЛОВСКИ (Скопје 2020) – Еден од играчите кои имаа најголем придонес во дебитантот во Супер лигата. Неговата форма оди во нагорна линија така што тоа е од голема корист во екипата.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.