По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.
Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.
Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.
Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.
*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.
Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.
Десен бек на сезоната:
Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Босанскиот интернационалец беше меѓу лидерите во нападот на вториот битолски тим и имаше големи заслуги за пласманот во европските купови.
Жарко Барјактаревиќ (Струга) – Српскиот десен бек скоро на секој натпревар беше најдобар стрелец на составот на Струга и прикажуваше одлични партии не само во регуларниот дел, туку и во плеј-аутот.
Јоел Куни Моралес (Вардар) – Иако пред стартот на сезоната очекувањата од кубанскиот десен бек не беа големи, сепак тој покажа дека има квалитет и беше меѓу најдобрите играчи на шампионот.
Гласајте на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)