Традиционално, како и секоја сезона, така и оваа, по завршувањето на Супер машката лига го избираме идеалниот тим на сезоната.
По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.
Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.
Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.
Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.
*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.
Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.
Голман на сезоната:
Мартин Томовски (Вардар) – во повеќе наврати покажа дека созрева во одличен голман што ќе биде број 1 во националниот тим. Со Томовски во ростерот, Вардар имаше сигурност на голот и ги победуваше сите ривали во Македонија.
Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) – искусниот чувар на мрежата го покажа својот квалитет во текот на целата сезона. Беше лидер на младиот тим и во неколку наврати одлучувачки фактор за победи што го донесоа битолскиот тим до Европа.
Мартон Секељ (Еурофарм Пелистер) – унгарскиот голман дојде во Битола по минутажа. Ја доби, ја оправда довербата, стана прв голман во националниот тим, и имаше неколку партии за паметење во домашниот шампионат. Сепак се израдува само на титула во Суперкупот на Македонија.
Гласајте на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)