ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – МЛАД ИГРАЧ

По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.

Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.

Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.

*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.

Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.

Млад играч на сезоната: 

Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Иако не беше секогаш меѓу најекспонираните на теренот, Атанасијевиќ успешно си ги одработуваше сите задачи и има големи заслуги во обезбедувањето на местото во Европа на битолскиот тим.

Марко Митев (Бутел Скопје) – Средниот бек на Бутел Скопје одигра одлична сезона и имаше голем напредок во играта што му донесе место и во репрезентацијата. Имаше големи заслуги во историскиот успех на бутелци.

Марио Мишевски (Скопје) – Левото крило во составот на Скопје скоро на секој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци. Скопје преку бараж натпревар се избори за место во елитата и во новата сезона.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)