Натпреварите од 9. коло во Супер машката лига донесоа очекувани победи за тимовите на Металург, Охрид, Бутел Скопје и Пролет кои се на првите четири места. Тие немаа проблеми против своите ривали и обезбедија по три бода.
Дербито го одиграа составите на Вардар јуниор и Пелистер каде што имаше интересен дуел во кој младите вардарци имаа одлична средба и иако на моменти имаа и негатива од два гола успеаја да се изборат на крајот и за триумф.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: МАРКО КИЗИЌ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Голманот кој заблеска и на голот на првата екипа во Лигата на шампионите, Марко Кизиќ демонстрираше квалитет уште еднаш во Супер лигата. Имаше клучни одбрани за победата над Пелистер.
ЛЕВО КРИЛО: МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Го водеше Бутел Скопје до нова победа. Со осум гола беше најефикасен, а со неговата игра тимот на Бутел Скопје имаше плус и успеа да стигне до три бода. Ова беше уште еден одличен натпревар за него.
ЛЕВ БЕК: ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Продолжува со стандардната форма. Игра одлично на средбите од Супер лигата, а беше уште еднаш меѓу поефикасните. Со шест гола беше втор стрелец и дефинитивно од неговата игра зависеше многу и играта на Вардар во нападот.
СРЕДЕН БЕК: ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ (МЕТАЛУРГ)
Организаторот на играта на Металург од Грузија влегува во подобра форма. На гостувањето во Радовиш покажа дека може да биде уште покорисен, па ова е добар знак за металурзите пред средбите од Купот на ЕХФ.
ДЕСЕН БЕК: МАРТИН СЕРАФИМОВ (МЕТАЛУРГ)
Ракометарот кој се врати на терените во минатото коло после паузата поради повреда беше меѓу подобрите на средбата против Радовиш. Серафимов реализираше четирипати со што помогна во освојувањето на три бода.
ДЕСНО КРИЛО: МАРТИН ПОПОВСКИ (ПРОЛЕТ)
Стандардна игра на репрезентативецот на Македонија, Мартин Поповски. Имаше одново голем удел во победата на Пролет, а постигна дури девет гола на гостувањето кај екипата на Струга.
ПИВОТ: ИВАН ТАСЕСКИ (ОХРИД)
Еден од најискусните во редовите на Охрид, Иван Тасески продолжува со добрите игри. На средбата против Металург 2 уште еднаш покажа дека искуството може да одигра значајна улога на овие средби.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО
ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР 29:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Ќосевски 8, Кукуловски 6, Крстевски 5 – Талевски 7, Трајковски 4, Петровски 4
ОХРИД – МЕТАЛУРГ 2 32:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Костов 5, Блажески 4, Тасески 4 – Стојановиќ 6, Михајлов 5, Кофиловски 5
РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 22:36 (ИЗВЕШТАЈ)
Николов 7, Ѓоргиевски 4, Илиев 4 – Поповиќ 6, Чантурија 5, Шилегов 5
СТРУГА – ПРОЛЕТ 20:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Крстаноски 5, Кузманоски 4, Ферукоски 4 – Поповски 9, Василевски 6, Џонов 5
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 28:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Мајиќ 8, Божиновски 4, Мојсоски 3 – Палевски 12, Сулима 5, Гичев 4
ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО
САБОТА, 9 НОЕМВРИ
18:00ч
МЕТАЛУРГ – МЕТАЛУРГ 2
18:30ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
19:30ч
СТРУГА – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА, 10 НОЕМВРИ
18:00ч
ОХРИД – ПРОЛЕТ
19:00ч
ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ
ТАБЕЛА: 1. Металург 23 бода (297:225); 2. Охрид 22 (248:198); 3. Бутел Скопје 21 (246:216); 4. Пролет 20 (274:234); 5. Радовиш 15 (277:274); 6. Вардар јуниор 12 (247:274); 7. Пелистер 8 (222:232); 8. Металург II 4 (257:304); 9. Работнички 4 (261:309); 10. Струга 1 (196:259).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)
92 – Давор Палевски (Работнички)
86 – Ивица Илиев (Радовиш)
60 – Иван Џонов (Пролет)
58 – Филип Николов (Радовиш)
56 – Мартин Поповски (Пролет)