ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа осмото коло од машката Суперлига?

Владан Кастратовиќ – среден бек – Струга
70.85%
Дарко Кондев –лево крило – Тиквеш
20.14%
Александар Петковски - десно крило - Металург
3.44%
Стипе Мандалиниќ – лев бек – Еурофарм Пелистер
1.57%
Стефан Атанасовски – пивот – Вардар
1.47%
Даниел Дупјачанец - голман – Металург
1.37%
Павле Петровиќ – десен бек – Еурофарм Пелистер 2
1.16%

РЕЗУЛТАТИ ДО 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ               27:20ИЗВЕШТАЈ

СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2          30:30ИЗВЕШТАЈ

ОХРИД – МЕТАЛУРГ                    24:29ИЗВЕШТАЈ

РАДОВИШ – ПРОЛЕТ                  21:27ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – ПРИЛЕП                       41:24ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ 2020 – ТИКВЕШ              26:30ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГОЛМАН: Даниел Дупјачанец (Металург) – Одработе одлична средба и во добар дел од неа беше несовладлив за колегите од Охрид. Со своите одбрани имаше важна улога во обезбедувањето на победата.

ЛЕВО КРИЛО: Дарко Кондев (Тиквеш) – Го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава. Имаше голем удел во победата против Скопје, а постигна пет гола.

ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – Како да беше лут после поразот од Ним и многуте промашувања и сакаше да покаже дека може да игра далеку подобро. Дури 11 пати ја затресе мрежата на тимот на Бутел Скопје.

СРЕДЕН БЕК: Владан Кастратовиќ (Струга) – Беше лидер во составот на Струга во натпреврот кој имаше неколку пресврти. Тој имаше улога на лидер на стружани и одработе добро. Имаше осум погодоци со кои беше и најефикасен.

ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Вториот тим на битолчани е во мала криза, но важно од гостувањето во Струга се враќа со бод. На овој дуел Петровиќ беше еден од подобрите во напад и еден од поефикасните.

ДЕСНО КРИЛО: Александар Петковски (Металург) – Од натпревар во натпревар покажува голем напредок во играта. Докажува дека во него Меалург добива одлично крило. Имаше и неколку одлични потези, а петпати го погоди голот на Охрид.

ПИВОТ: Стефан Атанасовски (Вардар) – Доби шанса и минутажа и ја искористи. Одигра ефикасно во нападот. Седумпати беше прецизен и беше најефикасниот во победничкиот состав.