Натпреварите од 8. коло во Супер машката лига донесоа интересни резултати, а имаше интересни пресметки на кои гостите однесоа десет поени.
Лидерот Металург вторпат сезонава ремизира, а овој пат тоа беше на домашен терен против составот на Охрид. Гостите имаа свои моменти во добар дел од средбата и беа блиску до победа, но на крај мораше поените да бидат поделени.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до среда во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ЗЛАТКО ДАСКАЛОСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Голманот на Бутел Скопје имаше одличен ден против тимот на Пролет, а покрај тоа што имаше доста одлични одбрани тој успеа и да постигне еден гол. Даскалоски имаше клучна улога во победата над Пролет така што со овој придонес и го заслужи местото во најдобрата седумка.
ЛЕВО КРИЛО: АЛЕКСАНДАР ДОЛДУРОВ (РАДОВИШ)
Крилото на радовишани игра во сè подобра форма. Тој одработе добар дуел против тимот на Пелистер и беше втор стрелец во својата екипа. Долдуров со своето претставување докажа дека може да биде многу корисен за својот тим.
ЛЕВ БЕК: ФИЛИП КРИВОКАПИЌ (ОХРИД)
Одлично издание на бекот на охриѓани кој покажува дека е големо засилување. Одигра добар натпревар во кој беше голем проблем за одбраната на Металург. Со седум гола беше втор стрелец во редовите на Охрид.
СРЕДЕН БЕК: ГОРАН ПЕЧЕНКОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Можеби негова најдобра партија сезонава. Успеа да одигра на високо ниво, а покрај тоа што беше прв стрелец во својот тим имаше и доста асистенции. Одличниот ден придонесе да биде од голема помош за својата екипа и имаше клучна улога во победата.
ДЕСЕН БЕК: ДЕНИС ТОТ (ОХРИД)
Уште еден квалитетен натпревар на десното крило на тимот на Охрид. Денис Тот одработе средба на која само продолжи со кревање на формата. Имаше осум гола така што беше лидер нас стрелците на дербито во „Автокоманда“ на кое Охрид освои бод кој беше рамен на победа.
ДЕСНО КРИЛО: АЛЕН ЌОСЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)
Кадетскиот репрезентативец имаше одличен ден на средбата против Работнички. Покажа дека е во одлична форма и блескаше на теренот во СРЦ „Кале“. Ќосевски имаше девет погодоци со кои беше далеку пред конкуренцијата.
ПИВОТ: АНДРЕЈ МИТИЌ (МЕТАЛУРГ 2)
Тој постигна еден гол, но беше најважниот. Со неговиот гол во последната минута тимот на Металург 2 дојде до првата победа сезонава и оттаму ова е многу важен момент. Секако неговиот придонес во одбраната е постојан за тимот на Металург 2.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО
МЕТАЛУРГ 2 – СТРУГА 25:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Кофилоски 6, Стоилевски 5, Савковиќ 3 – Јанкулоски 7, Кузманоски 5, Новаковиќ 5
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР ЈУНИОР 26:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Палевски 7, Илиевски 5, Полијак 4 – Ќосевски 9, Кукуловски 8, Крстевски 6
МЕТАЛУРГ – ОХРИД 29:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Мариќ 6, Поповиќ 5, Танкоски 4 – Тот 8, Кривокапиќ 7, Блажески 5
ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 22:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Талевски 5, Петровски 4, Буторац 3 – Илиев 9, Долдуров 4, Николов 3
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 21:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Џонов 8, Мајнов 8, Андоновски 3 – Печенковски 7, Мојсоски 4, Мајиќ 3
ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО
СРЕДА, 6 НОЕМВРИ
РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ
ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
ОХРИД – МЕТАЛУРГ 2
СТРУГА – ПРОЛЕТ
ТАБЕЛА: 1. Металург 20 бода (261:203); 2. Охрид 19 (216:171); 3. Бутел Скопје 18 (218:190); 4. Пролет 17 (236:214); 5. Радовиш 15 (255:238); 6. Вардар јуниор 9 (218:249); 7. Пелистер 8 (197:203); 8. Металург II 4 (230:272); 9. Работнички 4 (235:281); 10. Струга 1 (176:221).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)
82 – Ивица Илиев (Радовиш)
80 – Давор Палевски (Работнички)
55 – Иван Џонов (Пролет)
51 – Филип Николов (Радовиш)
50 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)