Натпреварите од 7. коло донесоа три победи на гостинските тимови, а на две средби домашните беа сигурни.
Во ова коло имаше еден натпревар на кој домашните остигнаа само десет гола. Струга претрпе тежок пораз од Охрид на домашен терен од 10:28, па ова беше и најсиромашниот натпревар со голови.
Тука одлична работа завршија и составите на Металург и Пролет кои како гости победија во ова коло, додека Бутел Скопје и Радовиш беа сигурни. Воедно беше
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: ЈАГОШ БРАУНОВИЌ (ОХРИД)
Гостувањето во Струга беше далеку полесно од сите очекувања за ракометарите на Охрид. Голманите завршија одлична работа исто како и одбраната, а тоа се гледа и од само десетте примени погодоци.
ЛЕВО КРИЛО: МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
Стандардно добра партија од страна на Црногорецот, кој имаше одличен ден и успеа да дојде до седум погодоци на мечот со Металург 2. Веќе неколку средби е со формата во нагорна линија така што не е изненадување што одново е во најдобриот состав.
ЛЕВ БЕК: ЈОВИЦА МЛАДЕНОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)
И тој беше на ниво на дуелот со Металург 2 и одработи добра средба. Имаше добар ден, а иако псотигна четири гола, во одбраната заврши добра работа. Со својот придонес помогна во обезбедувањето на новата победа.
СРЕДЕН БЕК: ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)
Како што одминува сезоната влегува во препознатливата сезона. Заедно со Мартин Поповски беше еден од подобрите во редовите на Пролет на гостувањето кај Вардар јуниор, а беше стрелец на десет погодоци.
ДЕСЕН БЕК: ФИЛИП НИКОЛОВ (РАДОВИШ)
Покрај стандардниот Ивица Илиев и тој полека влегува во стандардна форма и игра сè подобро така што е од голема помош за тимот на Радовиш, а тоа се виде и по десетте гола кои ги постигна на дуелот против Работнички.
ДЕСНО КРИЛО: РЕВАЗ ЧАНТУРИЈА (МЕТАЛУРГ)
Крилото на Металург имаше голема минутажа на мечот во Битола и беше еден од подобрите поединци во редовите на тимот од Автокоманда. Со шест гола беше најефикасен против својот поранешен клуб, но и еден од најдобрите на терен.
ПИВОТ: ИВАН ТАСЕВСКИ (ОХРИД)
Ракометарот на Охрид е во добра форма, а имаше добра игра и на гостувањето во Струга. Одигра добро во напад и успеа да постигне пет гола, но на овој меч многу позначајна беше играта во одбрана каде охриѓани беа речиси перфектни.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 2 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Мајиќ 7, Младеновски 4, Ѓеоргиевски 4 – Стојановиќ 13, Стоилевски 2, Гајиќ 2
ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 62 27:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Крстевски 8, Ќосевски 7, Карапалевски 5 – Поповски 11, Андоновски 10, Василевски 5
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 24:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Талевски 7, Буторац 5, В. Димитровски 4 – Чантурија 6, Јагуриновски 6, Поповиќ 4
РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ 41:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Илиев 12, Николов 10, Долдуров 4 – Палевски 12, Сулима 7, Гичев 5
СТРУГА – ОХРИД 2013 10:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Симоноски 3, Новаковиќ 3, Крстаноски 2 – Блажески 5, Тасески 5, Ристески 4
ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО
САБОТА/НЕДЕЛА, 2/3 НОЕМВРИ
МЕТАЛУРГ 2 – СТРУГА
МЕТАЛУРГ – ОХРИД
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР ЈУНИОР
ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ
ПРОЛЕТ 62 – БУТЕЛ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Металург 19 бода (232:174); 2. Охрид 18 (187:142); 3. Пролет 17 (214:190); 3. Бутел Скопје 15 (194:169); 5. Радовиш 12 (231:216); 6. Пелистер 8 (175:179); 7. Вардар јуниор 6 (183:2235); 8. Работнички 4 (209:246); 9. Металург II 1 (205:248); 10. Струга 1 (152:196).
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)
73 – Давор Палевски (Работнички)
73 – Ивица Илиев (Радовиш)
48 – Филип Николов (Радовиш)
47 – Иван Џонов (Пролет 62)
45 – Мартин Поповски (Пролет 62)