Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 23-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 25-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 19-17 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРОЛЕТ 31-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СКОПЈЕ 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Борко Ристовски (Вардар) – голманот на Вардар влезе во игра во вториот дел и имаше неколку клучни одбрани во победата во Битола.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – левото крило ја продолжува одлична форма и беше подобрите во триумфот над Охрид.
Лев бек: Филип Талески (Вардар) – македонскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за триумфот против Еурофарм Пелистер.
Среден бек: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – српскиот интернационалец редовно е меѓу најдобрите стрелци на кавадарчани, така беше и на последниот меч.
Десен бек: Куни Моралес (Вардар) – кубанскиот интернационалец даде десет гола, од кои дел беа во клучните моменти на дуелот во Битола.
Десно крило: Реваз Чантурија (Прилеп) – грузиското крило ја продолжува одличната форма и беше меѓу најдобрите стрелци против Скопје.
Пивот: Филип Арсеновски (Еурофарм Пелистер 2) – пивотот на битолчани одигра одлична партија и е меѓу најзаслужните за бодот против Тиквеш.