Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 14 часот.
Резултати, плеј-оф/плеј-аут, 4 коло:
Радовиш – Тиквеш 27-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Јуниор КВ 33-27 (ИЗВЕШТАЈ)
КЛ7 – Младост Богданци 35-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Работнички – Астраион 39-19 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Еурофарм Пелистер 2 24-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер – Пролет 26-17 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Металург 27-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Вардар 26-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО
ГОЛМАН: Никола Даниловски (Охрид) – Даниловски брани во одлична форма од стартот на оваа сезона, а беше меѓу најзаслужните за големиот триумф над составот на Металург.
ЛЕВО КРИЛО: Крсте Андоновски (Охрид) – Капитенот на охриѓани биеше без грешка кон голот на металурзи, и со пет погодоци беше меѓу водечките стрелци во тимот на Раде Стојановиќ.
ЛЕВ БЕК: Јане Јанчев (Тиквеш) – По паузата од неколку меча, Јанчев се врати на теренот и го водеше кавадаречкиот тим со шест гола на гостувањето кај составот на Радовиш.
СРЕДЕН БЕК: Ловро Јотиќ (Вардар) – Хрватскиот интернационалец се врати во составот на Вардар и полека ја враќа старата форма. Беше најдобaр поединец во „црвено-црните“ на гостувањето кај Бутел Скопје.
ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Босанскиот интернационалец дојде оваа година во битолскиот тим и покажа дека е одлично засилување. Даде девет гола во ремито на гости кај Струга.
ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Прилеп) – Искусниот Грузиец со македонски пасош беше меѓу најдобрите стрелци со шест погодоци во редовите на прилепчани, кои славеа над Јуниор КВ.
ПИВОТ: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер) – По паузата поради повреда на грбот, хрватскиот интернационалец се врати во редовите на битолчани и веднаш беше најдобар стрелец во триумфот над Пролет.