ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

И после 12. коло од Супер машката лига нема ништо ново кога е во прашање изгледот на табелата односно кога е во прашање составот на екипите кои се тркаат за плеј-оф.

Последното коло доенсе победи за тимовите кои важеа за фаворити пред почетокот така што немаше изненадување. Металург во последниот меч го надигра Пролет и само ја оправда улогата на фаворит. Претходно Охрид славеше дома против Пелистер, Бутел Скопје против Вардар јуниор, а Металург 2 против Работнички.

Единствениот триумф за гостинските екипи беше дело на екипата на Радовиш, која славеше во Струга.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ (МЕТАЛУРГ)

Во првиот дел од средбата кога се создаваше разликата добро раководеше со одбраната на Металург на дуелот против Пролет. Имаше голем удел во победата, а покрај тоа што одбрани доста топки имаше и еден постигнат гол.

ЛЕВО КРИЛО: МАРКО БОЖИНОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Го одигра својот најдобар натпревар сезонава. Беше незадржлив за одбраната на Вардар јуниор. Успеа да реализира дури 12 пати и беше и еден од поефикасните во 12. коло од Супер машката лига.

ЛЕВ БЕК: ЛУКА СТОЈАНОВИЌ (МЕТАЛУРГ 2)

Го предводеше тимот на Металург 2 до победа на дуелот против Работнички. Одигра добра средба, а беше лидер во играта во нападот. Ова беше тешка средба бидејќи победникот се решаваше во финишот, а имаше и еден од клучните погодоци.

СРЕДЕН БЕК: ИВИЦА ИЛИЕВ (РАДОВИШ)

Одигра уште една стандардна партија. Со 12 гола беше одново лидер на стрелците на Радовиш и еден од играчите кои зададоа најмногу проблеми за одбраната на Струга. Само продолжи да игра на нивото од стартот на сезоната.

ДЕСЕН БЕК: МАРТИН СЕРАФИМОВ (МЕТАЛУРГ)

Серафимов имаше добра партија против составот на Пролет. Со седум гола беше еден од најефикасните на теренот. Полека влегува во добра форма и ова секако ќе биде добредојдено за тимот од Автокоманда.

ДЕСНО КРИЛО: БОБАН БЛАЖЕСКИ (ОХРИД)

Второ коло по ред е во тимот на колото. Со осум гола беше најефикасниот во редовите на Охрид во победата против Пелистер. Веќе е во стандардна форма и покажува дека како одминува времето ќе игра сè подобро.

ПИВОТ: ПЕЦЕ ГЕОРГИЕСКИ (РАДОВИШ)

Имаше три гола, но неговата улога во одбраната на Радовиш е секако максимално значајна така што придонесот беше одново на високо ниво. Одработи добра средба и имаше значајна улога во победата над тимот на Струга.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР  28:20 (ИЗВЕШТАЈ)

Божиновски 12, Печенковски 4, Милошевски 3 – С. Крстевски 4, Дука 4, Атанасовски 3

МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ 36:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Стојановиќ 10, Стоилевски 6, Додиќ 5 – Палевски 17, Темелкоски 6, Михајловиќ 3

СТРУГА – РАДОВИШ      23:29 (ИЗВЕШТАЈ)

Новаковиќ 8, Маркоски 6, Кузманоски 2 – Илиев 12, Стојановски 4, Ѓоргиески 3

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР       28:20 (ИЗВЕШТАЈ)

Блажески 7, Кривокапиќ 4, Тот 4 – Талевски 6, Петровски 4, В. Димитровски 3

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ    36:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Поповиќ 10, Серафимов 7, Лазаревски 5 – Џонов 9, Андоновски 6, Аларов 5

СЛЕДНО, 12. КОЛО

САБОТА, 30 НОЕМВРИ

15:30ч

РАБОТНИЧКИ – ПРОЛЕТ 62

18:00ч

РАДОВИШ – ГРК ОХРИД

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ

ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА

ВТОРНИК, 3 ДЕКЕМВРИ

20:00ч

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2

ТАБЕЛА: 1. Металург 32 бода (405:301); 2. Охрид 31 бод (342:273); 3. Бутел Скопје 28 (332:285); 4. Пролет 23 (365:322); 5. Радовиш 19 (358:352); 6. Вардар јуниор 15 (327:361); 7. Пелистер 11 (303:3168); 8. Металург II 7 (343:412); 8. Работнички 4 (353:414); 10. Струга 4 (275:357).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ТОП 5

133 – Давор Палевски (Работнички)

116 – Ивица Илиев (Радовиш)

76 – Иван Џонов (Пролет 62)

73 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

71 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)