Десниот бек Марко Копљар ја продолжи соработката со бундеслигашот Фуксе Берлин и ќе остане во Германија и во наредните две сезони.
Хрватот се обврза на нова двегодишна верност до 2024 година, и доколку го одработи договорот до крај ќе комплетира седум сезони во дресот на „лисиците“, а тоа би било најдолг престој во еден клуб за Копљар.
35-годишниот Копљар претходно ги носеше дресовите на гигантите Барса, Веспрем, ПСЖ, како и на хрватските Пожега, Медвешчак, Ѓаково, Метковиќ и Загреб.
Десната бековска позиција во Фуксе Берлин, Копљар ја дели со германскиот репрезентативец Фабијан Виде.