Поранешниот српски репрезентативец со огромно искуство, десниот бек Александар Стојановиќ, откако го раскина договорот со Партизан не чекаше долго на неговиот нов ангажман.
Стојановиќ, кој во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар и Металург, во продолжението од сезоната ќе игра за клубот од Втората лига, Врање.
Покрај Стојановиќ, Врање ангажираше уште шест засилувања за остатокот од оваа сезона. Ракометарите на Врање за следната сезона имаат за цел да влезат во најсилната лига во Србија.
Последниот натпревар за Партизан, десниот бек кој беше дел и од Копер, Целје и Кадетен, го одигра минатиот викенд против шампионот Војводина.