Играше за Барса, Адемар и Ваљадолид, сега ќе работи со млади таленти во Кина

Некогашниот шпански репрезентативец, а сега асистент тренер на Ла Риоха – рубен Гарабаха, по 11 години заминува од клубот.

Светскиот шампион со Шпанија од 2005 година ја прифати понудата од Кина и се сели во оваа земја.

Легендарниот Гарабаха, кој во кариерата играше за Барселона, Адемар Леон и Ваљадолид, ќе работи со пионерки во Кина.

Тоа е дел од проектот за настап на женската репрезентација на Кина на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, а се реализира со помош на ИХФ.