Натпреварот од 9. коло во Лигата на шампионите меѓу Алборг и Пик Сегед не стартуваше во терминот од 18:45 часот во кој беше закажан и доби нов термин за почеток. Причината е во доцнењето на ракометарите и на официјалните лица во салата.
Лошото време и ниските температури во Данска се причината да има мешаница низ улиците во градот, па играчите и официјалните лица не можеле навреме да пристигнат до салата поради што мораше да се реагира и натпреварот да добие нов термин за одигрување.
И од ЕХФ веќе има официјално соопштение за целата ситуција дека снегот и студеното време се причината поради која се доцнело во салата и затоа мораше брзо да се реагира и средбата да добие нов термин за почеток.
Official statement from the European Handball Federation on #AalborgHandbold vs @pickhandball https://t.co/XuB1m64Dn3
— EHF Champions League (@ehfcl) December 1, 2021
Со оглед на тоа што средбата може да стартува од 20:45 часот веднаш е најдена солуција, па натпреварот ќе почне два часа подоцна така што Алборг и Пик Сегед ќе го одиграат својот натпревар денеска.
Ова е дуел од Групата А каде што е и тимот на Вардар. Инаку, „црвено-црните“ својот дуел против Кил ќе го одиграат во текот на утрешниот ден, а почетокот е во 20:45 часот.